Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подгответе подебел паричник за одмор во Грција: Цените на горивото со двоцифрен раст, поскапуваат и прехранбените производи

Подгответе подебел паричник за одмор во Грција: Цените на горивото со двоцифрен раст, поскапуваат и прехранбените производи

Влијанието на конфликтот на Блискиот Исток веќе се чувствува во Грција, според истражувањето на Грчкиот статистички завод (ЕЛСТАТ), кое покажува скок на инфлацијата од 2,6% на месечно ниво и 3,9% на годишно ниво.

Притисоци се забележани во енергетскиот сектор, каде што цените на горивата забележаа двоцифрено зголемување, објавува „Екатимерини“.

Во споредба со февруари, инфлацијата во транспортот изнесуваше 7,3%.

Промени се забележани кај дизел горивото (24,1%), бензинот (11,4%) и другите горива (19,8%).

Цените на авионските билети се зголемија за 26,2 проценти на месечно ниво.

Цените на храната продолжија да растат за 0,2 проценти на месечна основа, со зголемување на цените на јогуртот (три проценти), овошјето и зеленчукот (2,2 проценти), додека цените на тестенините (3,5 проценти), говедското месо (0,5 проценти), свежата или замрзнатата риба (3,3 проценти) и маслото за јадење (1,6 проценти) се намалија.

Покрај енергијата, месечно зголемување од 21,9 проценти е забележано и кај цените на облеката и обувките, што е поврзано со враќањето на цените по зимските распродажби.

Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести