Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДГОТВЕТЕ ГО ПАРИЧНИКОТ АКО ИМАТЕ ДВЕ ИЛИ ТРИ ВОЗИЛА ВО ЦЕНТАР: За паркирање на второ возило ќе се плаќа 500, а за трето 1.000 денари

ПОДГОТВЕТЕ ГО ПАРИЧНИКОТ АКО ИМАТЕ ДВЕ ИЛИ ТРИ ВОЗИЛА ВО ЦЕНТАР: За паркирање на второ возило ќе се плаќа 500, а за трето 1.000 денари

Доколку сте сопственик на две или три возила, а живеете во Општина Центар, за паркирање на второ и трето возило ќе треба добро да го испразните паричникот. Имено, според соопштението од општината, се воведува нов систем за паркирање, кој, според надлежните треба да го подобри распределувањето на ограничениот јавен простор и олеснување на пристапот до паркинг за жителите. 

Па така, за прво возило плаќањето останува бесплатно, но за второ возило центарци ќе треба да платат 500 денари, а за  трето возило 1.000 денари. Новите правила важат особено за населбите Дебар Маало, Капиштец, Буњаковец и централното подрачје, каде што притисокот врз јавниот простор е најголем.

Од ПОЦ појаснуваат дека целта не е ограничување, туку обезбедување на фер распределба на просторот и одржливост на системот за паркирање. Новите правила ќе помогнат да се намали злоупотребата на јавниот простор, да се стимулира користење на гаражи и жителски паркинзи, и да се подобри ефикасноста на постојните капацитети.

- Средствата од надоместоците ќе се користат за проширување и модернизација на паркинг просторот, подобрување на контролата и дигитализација на услугите. Општина Центар најавува дека новиот систем ќе обезбеди поефикасно користење на јавниот простор, повеќе ред и поквалитетно урбано живеење - велат од ПОЦ. 


Слично

Поврзани вести