Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДГОТВЕНА ЗА ОСКАР И БРЕД ПИТ: Атиџе доби нова фризура

ПОДГОТВЕНА ЗА ОСКАР И БРЕД ПИТ: Атиџе доби нова фризура

Таа го крена светот на нозе. За неа само законите на природата се свети а пчелите се нејзин најдобар прјател. Личност со голема душа и харизма.

Атиџе Муратова полека се подготвува за Оскарите а подготовките почнаа од нејзината фризура.

Како што и сама вели сега ќе им парира на холивудските ѕвезди Бред Пит и Леонардо Ди Каприо.

Исфарбана, фенирана, дотерана. Ваква Атиџе во филмот „Медена земја“ немавме прилика да ја видиме, но од фризерското студио Ив таа излезе токму таква.

Иако фризурата не го краси човек , туку неговата душа, признаваме дека медената Атиџе сега изгледа навистина убаво,

Од студиото во кое била на разубавување, велат дека ја чекаат со статуетка и еден куп импресии да се врати од Оскарите, иако постот под кој беа споделени фотографиите сега е избришан. 

Да се врати во својата „Медена земја“ со статуетка и посакуваме и ние исто !


Слично

Поврзани вести