Подготвен предлог-законот за амнестија, ќе се преквалификуваат обвиненијата
Предлог-законот за амнестија е изготвен од страна на владеачката парлкаментарна коалиција и независната пратеничка група на исклучените од ВМРО, објави 1ТВ. Неофицијално, на непосредните учесници во насилствата во Собранието на 27 април ќе добијат преквалификување на обвинението, со што законски ќе добијат помали казни, додека обвинетите за индиректно поттикнување и помагање ќе бидат амнестирани.
Според претходните најави, законот треба да биде изгласан околу средината на декември. Инаку денеска Собранието не го прифати предлог-законот на 29 поднесувачи од ВМРО-ДПМНЕ во кој се бара експресна и целосна аманестија за сите.
Извори на телевизијата потврдуваат дека уште трае координацијата меѓу правните експерти и пратениците од независната пратеничка група, а во среда ќе биде првиот состанок на кој ќе биде претставен предлог-законот пред целото тело кое брои 25 членови од собраниското мнозинство и осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
До среда освен предлог-законот ќе се знаат и функцијата и надлежностите на ова тело.
