ПОДГОТВЕН Е ДА ТРЧА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО СКОПЈЕ, НО ИМА УСЛОВ: Се зависи од анкетите
Галетановски додаде дека имаме администрација која наместо да ги решава проблемите на граѓаните тие буквално се занимаваат со политика, токму затоа е потребен градначалник кој ќе избере способни кадри, но и да воспостави добра комуникација со советничките групи.
„Сега во Градот владее хаос. Документите со кои аплицирав во Град Скопје на конкурсот за директор на ЗОО ми се изгубени. Град Скопје ги пратил по пошта да ми се вратат и до денеска ги немам добиено“ вели Галетановски и посочува дека некои од документите му биле оригинал и најавува дека ќе тужи.
Тој додаде дека на крајот од месецот ќе заврши сондажата во СДСМ за кандидати за градоначалник на Скопје и од бројките на анкетите ќе зависи дали тој како претседател на скопската организација на СДСМ ќе биде кандидат од оваа партија.
