Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДГОРИЦА, НИКШИЌ, ЦЕТИЊЕ: Колку чини квадрат станбена површина во Црна Гора?

ПОДГОРИЦА, НИКШИЌ, ЦЕТИЊЕ: Колку чини квадрат станбена површина во Црна Гора?

Просечната цена за квадратен метар во новоизграден стан во Црна Гора продолжи да се зголемува во првиот квартал од 2025 година, според најновите податоци на Монстат.

Во просек, квадратен метар чинел 2.158 евра, што е зголемување во споредба со претходните квартали и го потврдува трендот на зголемување на цените на пазарот на недвижности.

Најскапиот квадратен метар, како што се очекуваше, го има во крајбрежниот регион, каде што просечната цена достигна 2.328 евра, додека главниот град Подгорица ја надмина границата од 2.000 евра и сега цената на квадратен метар е 2.066 евра.

Во централниот регион, кој ги вклучува Никшиќ, Даниловград, Цетиње, Тузи и Зета, цената по квадратен метар е 1.050 евра, додека северниот е малку поскап - 1.209 евра.

Во атрактивните зони, цените се зголемуваат, а со тоа становите се недостижни за младите и за домаќинствата со просечни примања. 

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести