Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДЕМ И ПАД: Како се развиваше политичката кариера на Арбен Фетаи

ПОДЕМ И ПАД: Како се развиваше политичката кариера на Арбен Фетаи

Оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, стави крај на долгомесечните полемики во јавноста каде тој ќе се позиционира на политичката сцена. Неговата одлука сепак беше да ја напушти политиката.

Фетаи се појави на македонската политичка сцена во 2016 година, кога Зијадин Села го претстави како ново лице во политиката кое требаше да донесе трансформација на албанскиот политички блок. Фетаи се приклучи на Алијанса за Албанците.

Тој живеел во Белгија, па доаѓањето во Македонија за него беше голема пресвртница. Првично се обиде да донесе промени во Косово кога се приклучи на фракција на движењето Самоопределување на Албин Курти, преку која бараше реформи и поголема отвореност кон западните партнери.

Слично сценарио имаше и во Македонија, кога во 2023 година, во периодот на формирање на коалицијата ВЛЕН, Алијансата за Албанците се подели на два блока, едниот поддржувајќи го Арбен Таравари, а другиот Зијадин Села. Фетаи го поддржа Таравари и Курти, што ја одвои неговата позиција од менторот кој го воведе во македонската политика.

Подоцна остана дел од владината коалиција, но очигледно не се пронајде во владата, па отсуствуваше од своето работно место.  Министерот за здравство, Азир Алиу, јавно потврди дека Фетаи не присуствувал на работа поради други причини, а не здравствени. Со оставката се стави крај на шпекулациите за неговиот статус во Владата.

Арбен Фетаи е роден на 11 декември 1980 година во Куманово, поседува двојно државјанство (македонско и белгиско) и е дипломиран политиколог со специјализација од Белгија. Кариерата ја започнал на европски проекти во Косово и во меѓународни организации во Брисел, како и на иницијативи финансирани од Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.


Слично

Поврзани вести