ПОДЕЛБА НА МИНИСТЕРСТВА: Кај ДУИ одат МНР, екологија, економија, финансии...
Додека се чека на стартот на средбата меѓу Зоран Заев и Али Ахмети, лидерите на СДСМ и на ДУИ, Фактор дознава дел од распределбата на ресорите меѓу двата коалициони партнери.
Според последните неофицијални информации, на Демократската унија за интеграција ќе и припаднат Министерството за екологија, Министерството за економија, но и Министерството за финансии. Партијата на Ахмети ќе делегира свои министри и во Министерството за политички систем, но и во Министерството за надворешни работи, како и во Министерството за информатичко општество и администрација.
Нашите извори брифираат дека досегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе раководи со Секретаријатот за европски прашања.
Веќе објавивме дека се тврди дека Никола Димитров актуелниот министер за надворешни во заминување во идната влада ќе биде министер за правда. ДУИ ќе го назначи Фатмир Бесими за министер за финансии, брифираат нашите извори.
