Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поддржувачи на Груевски протестираа пред судот

Поддржувачи на Груевски протестираа пред судот

Група граѓани денеска одржаа двочасовен протест пред и за време на изрекувањето на пресудата за екс премиерот Никола Груевски во предметот „Тенк“ пред скопскиот Кривичен суд. 

Груевски доби две години затвор. 

Меѓу граѓаните беа и поранешните градоначалници Коце Трајановски и Ивица Коневски. Протестот заврши набргу откако на еден од демонстрантите, Ангеле Зафировски инаку познат како Бате Геле, му се слоши.

Во отсуство на Груевски Судот пресуди тој да биде прогласен за виновен во случајот „Тенк“ кој СЈО го покрена,  а се однесува за купувањето на луксузниот мерцедес од 600.000 евра. 

Слично

Поврзани вести