ПОДДРШКА ЗА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - Партијата на пензионери денеска на конвенција ќе го каже својот фаворит
Партијата на пензионери ќе го поддржи претседателскиот кандидат номиниран од СДСМ, Стево Пендаровски, кој е и актуелен шеф на државата.
Денеска тие ќе одржат конвенција, на која ќе му ја дадат својата поддршка.
„Партијата на пензионери, денес 16.03.2024 во 11,00 ч., во хотел Континентал, Скопје, ќе одржи Конвенција за поддршка на претседателскиот кандидат и актуелен Претседател на државата, г-динот Стево Пендаровски, на која ќе присуствува и ќе се обрати и самиот..
Исто така ќе се одржи и Годишна Седница на Централниот одбор на партијата, на која ќе бидат усвоени Изборната програма на Партијата на пензионери за наредните парламентарни избори и Извештајот на Надзорниот одбор на партијата за 2023 година“, се вели во соопштението кое до медиумите го испрати партијт на пензионери.
