Поддршка за кариерен развој на младите во Мајорел
Вработувањето покрај финансиска стабилност, на човекот му овозможува стекнување нови животни искуства и дава чувство на задоволство.
Постојат различни причини и услови според кои младите ги бираат компаниите каде ќе го започнат и стекнат своето прво работно искуство. За многу од нив големо влијание врз одлуката има тимот со кој ќе работат. Прифаќањето од страна на останатите вработени, трепеливоста на колегите и претпоставените, грижата и поддршката во прилагодувањето и учењето на работата, охрабрувањето и мотивирањето за напредок и развој се само дел од условите кои компниите треба да ги обезбедат за да ги привлечат младите вработени.
Интернационалната компанија која неодамна отвори свои канцеларии во Скопје, Мајорел, e една од оние компании кои во центарот на вниманието ги имаат своите вработени, која нуди целосна поддршка во процесот на развој и раст на вработениот. Затоа Мајорел е одлична можност за започнување на кариера или промена на професија.
Насочени кон постигнување извонредност Мајорел секогаш е спремен да ги препознае и задоволи потребите и интересите на вработените. Доколку барате грижлива компанија и тим кој ќе ја разбере вашата личност, професионално искуство и знаење, Мајорел е местото за вас.
А, да се стане дел од Мајорел е едноставен процес, треба само да се помине тест и интервју за утврдување на јазичните вештини. Што значи дека единствен услов е само познавањето на германски и англиски јазик.
Освен тоа, не е потребно некакво претходно работно искуство, што претставува одлична можност за започнување професионална кариера. Уште еден фактор поради кој младите го одбираат Мајорел, се одличните финансиски услови и грижата која им ја нуди на своите вработени. Создавањето на идеална атмосфера за работење е доста важно во функционирањето на една компанија, па затоа менаџментот на Мајорел организира тим-билдинзи и забави во склоп на програмата „Feel Good“ која им помага на вработените во нивниот личен и професионален раст и развој.
Зошто младите го одбираат Мајорел? Одговорот на ова прашање го има една од вработените во Мајорел, која го кажа следново – „Најголемата причина поради која дојдов во Мајорел е тимот. Заедничкиот кариерен развој и напредок, мотивацијата и поддршката што ја имеме од сите е одлична. А сето тоа надополнето со позитивната работна средина и култура ја прави работата лесна и забавна! Одлични колеги и претпоставени, меѓусебно разбирање и почит е она што те прави да се чувствуваш вреднуван и мотивиран во тимот! “ – изјави Милена, специјалист за корисничка поддршка
Можноста за флексибилно работно време го прави Мајорел посакувано работно место за секој млад човек кој сака да почне со кариера во овој сектор.
Доколку сакаш да ја започнеш својата кариера во компанија која се грижи и сака нејзините вработени да напредуваат, тогаш уште денес можеш да аплицираш во Мајорел кој активно бара нови вработени.
ПР објава