Економија, финансии, бизнис

Контакт

Под знак прашалник е судбината на 50.000 дивоградби

Под знак прашалник е судбината на 50.000  дивоградби

Во ризик се доведени 50.000  дивоградби, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законското решение и го врати во Собранието. 

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека освен забелешките на Пендаровски, во повторната дискусија за Законот внимателно ќе бидат ислушани и реакциите од јавноста.  Парламентот треба да се изјасни што понатаму со Законот за легализација на дивоградби.

„Повторно ќе дискутираме во Парламентот, зашто ако со Законот застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50-те илјади домови на граѓаните“, дециден е Заев.

Со Законот,  нема да се легализира секој бесправно изграден објект. Законот за легализација дава можност за остварување право на сочувување на домот на граѓаните кои се под прагот на сиромаштијата.

Пендаровски е со став дека текстот на Законот нема општествена оправданост, односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес. 

Претходно, петмина пратеници од помалите политички партии, кои му припаѓаат на владејачкото мнозинство, ја алармираа јавноста и му пишаа ургентно писмо на Пендаровски, да не го потпишува Законот за легализација на дивоградбите. 

Станува збор за двајца пратеници на Либерал-демократската партија, Моника Зајкова и Боби Мојсовски, двајца пратеници од ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, како и пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Слично

Поврзани вести