Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОД СЕРИОЗЕН РИЗИК СМЕ ДА ИМА ПОГОЛЕМО ШИРЕЊЕ, СЕ РАБОТИ ЗА ИСКЛУЧИТЕЛНО ЗАРАЗНА БОЛЕСТ“: Доктор Лазаров за големата кашлица

„ПОД СЕРИОЗЕН РИЗИК СМЕ ДА ИМА ПОГОЛЕМО ШИРЕЊЕ, СЕ РАБОТИ ЗА ИСКЛУЧИТЕЛНО ЗАРАЗНА БОЛЕСТ“: Доктор Лазаров за големата кашлица

Доктор Ненад Лазаров секогаш на својот фејсбук профил објавува ставови и мислења околу актуелни здравствени состојби во земјата. Овој пат се огласи за големата кашлица за која вели дека е многу заразна.
„ Вакцините за пертусис не штитат толку долго колку што би сакале ние, постои потреба од обновување на 10тина години.

Пред сериозен ризик сме да има поголемо ширење бидејќи се работи за исклучително заразна болест.

Сите референтни институции препорачуваат трудниците да се вакцинираат помеѓу 27 и 34 со цел да му овозможат имунитет на новороденото од првиот здив.

Пертусис е пресериозна болест за новородено, доколку заболат, 9 од 10 бебиња до 3 месеци ќе бидат хоспитализирани на минимум една недела, а кашлицата трае со месеци, тоа не е обична кашлица, како тоа драматично изгледа и звучи сами гуглајте ако сакате да видите зошто се вика магарешка.

Има начин и безбеден е.“ напиша тој.



Слично

Поврзани вести