Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Под политички притисок Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје“: остра реакција од Градот

„Под политички притисок Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје“: остра реакција од Градот

Град Скопје преку соопштение испратено до медиумите реагира поради откажан дотур на нафта до автобусите на ЈСП под раководство на градот и непочитување на договорот со компанијата. 

- Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје.

Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата.

Истото уценетиот го направи и за предновогодишните празници, ги остава грѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само да се задоволат суетните лидери од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи - се наведува во соопштението испратено од Град Скопје до медиумите. 

Од таму прашуваат „зар не направивте доволно хаос во Скопје, спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз“.

- ЈСП кој дава јавна услуга за граѓаните која претставува јавен интерес, нема да дозволи идиотските криминогени постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните.

Затоа за Асмир Јахоски и Пуцко петрол  ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат. 

Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за  предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата која му ја предизвикаа на ЈСП и Скопје во изминатите 4 години - се нагласува на крајот од соопштението на град Скопје. 

Слично

Поврзани вести