Економија, финансии, бизнис

Контакт

Под кој псевдоним е прислушуван Заев?

Под кој псевдоним е прислушуван Заев?

Премиерот Зоран Заев при нелегалното прислушување бил воден под псевдонимот „Зо За”. Ова го откри на денешното сведочење во Кривичниот суд  Зоран Костовски во случајот „Таргет-Тврдина“.

Овој хард диск СЈО го зело од канцеларијата на Звонко Костовски во УБК. Тој од него  на 5-6 цедеа преснимувал разговори на Заев. Снимањето на разговорите Костовски, го правел по наредба на Горан Грујевски.

Адвокатите на Сашо Мијалков реагираа дека сведокот Костовски не смее да го презентира доказот. Адвокатот Љупчо Шврговски изјави дека овој доказ е користен против Костовски, како обвинет во случајот „Пуч“, па сега е недозволено истиот доказ да го коментира.

Судот го одби неговиот приговор и одобри доказот да биде презентиран.

Слично

Поврзани вести