„ПОД КОЈ КАМЕН БЕШЕ СОКРИЕН ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВО СЕПТЕМВРИ 2023 ГОДИНА, ЗОШТО ТОГАШ НЕ КРЕНА ГЛАС“ - адвокатот Митровски за грешката на СДСМ за Кривичниот законик
„Треба да бидеме чесни и да признаеме дека згрешивме со измените во Кривичниот законик. Но, истовремено имаме соработка со меѓународните институции со коишто се донесени 20-тина закони, поддржани и од Венцијанската комисија и сметам дека треба да продолжиме по патот на имплементација на реформите во судството, со поддршка на меѓународната заедница“, рече Филипче.
Тој апелираше до ВМРО-ДПМНЕ заедно да донесат нов Кривичен закон, за кој вели дека е изготвен и треба да биде ставен на јавна расправа. Станува збор за закон кој почнал да се изготвува во 2017 година, во време кога министерка за правда беше Рената Дескоска од СДСМ.
„Апелирам Владата да го стави на јавна расправа. Тој нов Кривичен закон е направен во координација со меѓународните институции, по терк на Кривичниот закон во Германија и сметам дека што поскоро треба да биде ставен на јавна расправа, да го разгледаат експерти, да го кажат своето мислење и заедно со консензус да донесеме нов, како што доликува. Не е доволно да кажеме дека сме згрешиле што сме донеле таков закон - еве одиме чекор понатаму таа грешка да ја исправиме на овој начин“, вели првиот човек на опозициската СДСМ.
За направената грешка рече. „Не треба да затвориме очи и уши и да не ги слушнеме забелешките на граѓаните. Затоа предлагам да продолжиме на патот на соработа со меѓународните институции кои не поддржуваат и кои вложиле многу за да се реформира судството“, вели Филипче.
