Под кои услови ВМРО-ДПМНЕ прифаќа лидерска средба?
Од ВМРО-ДПМНЕ прифаќаат лидерска средба со премиерот Зоран Заев, но само за предвремени парламентарни избори.
„Власта и премиерот Заев да покажат зрелост, да се седне и да се разговара за што поскоро организирање на предвремени избори, бидејќи изворот на сите проблеми се наоѓа на Илинденска број 2“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Од СДСМ велат дека стратешки интерес на државата е да се донесе Законот за јавно обвинителството.
„Ја повикуваме ВМРО ДПМНЕ да не ги кочи процесите што се од интерес на државата и да помогнат да се донесат законите кои се во интерес на евроатланската интеграција на земјата, пред се Законот за Јавно обвинителство во кој се решава и СЈО“ , велат од СДСМ.
Премиерот Заев минатата недела рече власта и опозицијата треба да седнат и да разговараат барем на три теми: закон за обвинителство, попис и измени на изборниот законик.
Oд ВМРО-ДПМНЕ пак најавија дека деновиве ќе го достават својот Закон за СЈО до Министерството за правда, а во Собранието почнаат преговорите меѓу пратеничките групи за пописот.
