Почнува судењето за „Тортура“ над Љубе Бошковски
Во Кривичниот суд денес треба да се одржи првото рочиште за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Судскиот процес се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Станува збор за инцидентот од 6 јуни 2011 година, само еден ден по предвремените парламентарни избори.
Во „Тортура” се обвинети поранешниот шеф на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Бошковски. СЈО ги товари за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
За случајот „Тортура“ првообвинет беше Сашо Мијалков, бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Но, Крвичниот суд само делумно го прифати обвинението на СЈО и одлучи да им се суди само на шесте лица од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот шеф на УБК. СЈО за ваквата одлука поднесе жалба до Апелациониот суд, кој ќе одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков.
