Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнува судењето за колежот на коњи во скопската ЗОО

Почнува судењето за колежот на коњи во скопската ЗОО

По три години од скандалознто касапење на десетина изнемоштени коњи во скопската Зоолошка градина, утре во Кривичниот суд ќе стартува судски процес за овој настан, објави Фокус.

Тогаш врабтени пријавија дека се касапат коњи за прехранување на другите животни, по што МВР поднесе кривични пријави против петмина, меѓу кои и тогашниот директор на ЗОО, Кристијан Стаменов.

Тој излезе со објаснување, дека закланите коњи биле болни и изнемоштени, па затоа би завршиле како храна за останатите животни. Проценката за тоа во каква состојба биле коњите, како што велеше Стаменов, ја направиле вработените, но и усно инспектор од АХВ.

Коњите биле земени од Идризово, 16 на број од кои четири од нив биле во добра состојба да бидат изложени во зоолошката, додека другите кои беа заклани имале скршеници, повреди, малигни заболувања од претходно што биле злоупотребувани.

Од АХВ пак демантираа дека нивни инспектор направил проценка дека закланите коњи биле болни или изнемоштени. 


Слично

Поврзани вести