Почнува судењето: Леарница бара да и се плати за Ќосето и други споменици
Денеска започнува судењето по тузбата на леарницата која го изработи споменикот на Ќосето, а тврди дека парите не и биле се уште исплатени од нарачателот.
Во граѓанскиот суд, Скопје 2, денеска треба да почне судењето по тужбата на „Рудници и железарници – Институт“ против Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради на Ташко Јованов. Тужителот си ги бара парите за леењето на споменикот на Ќосето, како и на другите споменици на невладината организација која ги донира спомениците.
Ова здружение во 2014 година донира пет споменици во Скопје. Леењето на спомениците никогаш не ѝ било исплатено на леарницата. Вредноста на спорот помеѓу приватната компанија и Здружението е приближно 37 милиони денари.
Здружението за период од четири години добило по 300 илјади денари годишно или вкупно 25.000 евра државни пари.
Споменикот на Ќосето пред Основниот суд беше отстранет оваа година.
