Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнува реализација на проектот за споменик на Мајка Тереза на плоштад „Македонија“

Почнува реализација на проектот за споменик на Мајка Тереза на плоштад „Македонија“

На плоштадот „Македонија“ во Скопје попладне ќе биде означен почетокот на реализацијата на проектот за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза.

Споменикот ќе биде подарок од компанијата „Сахара Индија“ на индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој од вчера е во посета на Македонија.

Ќе биде подигнат во спомен и чест на  делото на скопската хуманистка и нобеловка за мир Мајка Тереза, која својата мисија за помош на сиромашните и болните ја извршуваше во Индија.

На настанот, кој ќе почне во 14.30 часот, ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска

Слично

Поврзани вести