Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНУВА ПОСТАПКАТА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ И НА ВТОРАТА ГАЛИЈА - од закупецот зависи дали тоа ќе го направи сами или ќе чека извршител

ПОЧНУВА ПОСТАПКАТА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ И НА ВТОРАТА ГАЛИЈА - од закупецот зависи дали тоа ќе го направи сами или ќе чека извршител

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека денеска почнува постапката за отстранување на галиите во коритотот на Вардар. 

„Откако се создадоа правни услови, дадов налог да се раскине договорот и да се наплати банкарската гаранција и за втората од трите галии во коритото на реката Вардар. Постапката за извршување (отстранување) на галиите, ја започнуваме од утре, кај надлежен извршител. Сакам да напоменам, дека отстранувањето на галиите и раскинувањето на договорите, ќе немаат никаква буџетска импликација по буџетот на Град Скопје“, напиша градскиот татко на својот фејсбук профил. 

Од Град Скопје велат дека денеска нема да почне самото физичко отстранување на галиите.

Односно, како што и вчера во изјава за медиумите објасни Никола Наумовски, шеф на Кабинетот на градоначалникот Шилегов, отстранувањето на галиите сега ќе зависи од самите закупци, односно од нивните следни потези. 

„Тоа може да се случуи за една недела или за еден месец, зависно од тоа дали ќе сакаат самите да ја започнат работата или ќе го чекаат извршителот тоа да го стори на свој начин“, рече Наумовски.  

Таа галија, кај Холидеј ин, кај мостот Слобода, според него, ќе биде тргната врз основа на правни услови кои се создадоа во меѓувреме, бидејќи закупецот веќе четири месеци немаше платено кирија за користење на галијата. 

„Тоа беше основа градоначалникот Шилегов да потпише акт во кој им кажува дека го раскинува договорот и дека очекува сами да ја извадат галијата од Вардар во согласност со рок кој е предвиден со договорот“, рече Наумовски.

Според него, денеска е битен датум, бидејќи е први јули и извршителите почнуваат да работат како порано, бидејќи заврши владината Уредба. 

„Сега доколку закупецот доколку не го направи тоа, извршителот треба да повика градежна фирма да ја расклопат галијата и да ја извадат од кејот. Отстранувањето ќе биде на трошок на закупецот“, вели Наумовски. 

Што точно ќе се случува со галиите тој не знае, бидејќи сопствениците ќе можат да ги стават секаде каде што ќе имаат дозвола за тоа. 

Засега останува уште една галија, за која се уште не се создадени услови за отстранување, како што беше за претходните две. 

Но, од Град Скопје тврдат дека нема да гледааат како, како што велат, централното градско јадро постојано е под закана од поплави, од кои штетите можат да бидат од 30 до 130 милиони евра.

Слично

Поврзани вести