Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнува јавна расправа за дивоградбите, Бочварски кажа на што ќе се фокусираат

Почнува јавна расправа за дивоградбите, Бочварски кажа на што ќе се фокусираат

Оставаме простор да отвориме широка јавна расправа за легализација на дивоградбите, вели  министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.


„Разговарав денеска и со претседателот на Собранието и почнуваме со серија на средби со пратеничките групи и со невладините организации и асоцијациите за кои верувам дека ќе ни дадат поддршка и помош како да дојдеме до подобро законско решение, но крајната цел да ни бидат граѓаните и фокусот на овие 50 или 60 илјади проблеми во државата“, рече Бочварски во емисијата „Топ тема”.

Ќе се разговара за целиот закон и додаде дека со плаќањето 150 евра наместо едно евро за квадратен метар како досега за легализација на објектите им се укажува на граѓаните дека бесправното градење е недозволиво. 

Претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законското решение што беше донесено во Собранието. 

Деновиве се споменуваше бројка од 50.000 дивоградби. 

Слично

Поврзани вести