Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнува изградбата на висококатниците во Аеродром

Почнува изградбата на висококатниците во Аеродром

Во општина Аеродром денеска започнува изградбата на кулите и трговскиот центар на „Џевахир холдинг“, инвестиција вредна 100 милиони евра.  Ќе се гради станбен комплекс од  четири висококатници со 42 ката во кој ќе живеат 5.000 луѓе и објект што ќе претставува деловен и трговски центар.

- Ова е инвестиција на која подолг период работевме, подолг период имавме контакти, но по завршената презентација од наша страна на условите за водење бизнис, ниските даноци, можностите за купување градежно земјиште по многу ниска цена, намалените бирократски процедури од страна на Владата за добивање градежни дозволи, како и севкупниот наш ангажман и посветеност, сопственикот на компанијата донесе конечна одлука да инвестира, рече премиерот  Никола Груевски.

Според него, се очекува новиот проект да има големо влијание во градежниот сектор, со оглед што во рамките на новите објекти ќе има многу станови. Според предвиденото, четирите висококатници ќе бидат и највисоките згради во земјава.

Слично

Поврзани вести