Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнува да функционира бесплатниот паркинг за новинари во Центар

Почнува да функционира бесплатниот паркинг за новинари во Центар
Здружението на новинари на Македонија го потпиша Договорот со Паркинзи на општина Центар, според кој членовите на ЗНМ ќе може да ја користат бенефицијата за бесплатен паркинг во траење од 2 часа на паркинзите во оваа општина. „Членовите на ЗНМ што сакаат да ја користат оваа бенефиција потребно е да одат до просториите на ПОЦ каде ќе им биде доделена новинарска паркинг картичка. За секоја издадена новинарска паркинг картичка на член на здружението, новинарот ќе склучи договор во кој детално ќе бидат определени правата и обврските на корисникот и на ПОЦ“, информира ЗНМ.
Слично

Поврзани вести