Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНУВА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ИЛИНДЕН: Во Крушево стигнаа 150 коњаници

ПОЧНУВА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ИЛИНДЕН: Во Крушево стигнаа 150 коњаници

Крушевчани ги пречекаа коњаниците, а нив ги има повеќе од 150 од цела Македонија. 

Крушевчани вечерва официјално ги пречекаа коњаниците пред столбот на Републиката во центарот на Крушево кај црквата Свети Никола.

Коњаниците ги пречека градоначалникот на Крушево и претседател на Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, Томе Христоски посакувајќи им добредојде и да е вековит големиот Илинден.

Во меѓувреме, во тек е полагањето венци и свежи цвеќиња на бројните делегации  на значајни востаници и дејци: на гробот на Питу Гули на Гумење, на партизанските гробишта, пред криптата во споменичниот комплекс Илинден, на гробот на Тоше Проески на Гумење.

Вечерва на Гумење во Крушево свечено ќе бидат отворени културно – научните средби  „10 дена Крушевска Република“, манифестација која од годинава е национална.

Слично

Поврзани вести