ПОЧНАЛЕ СО БОКСОВИ, ПА ГО КРШЕЛЕ ИНВЕНТАРОТ, НАСТРАДАЛ И МОБИЛЕН НА ГОСТИНКА: Пет млади лица приведени поради тепачката во Трибека
Во синоќешната
тепачка во ексклузивниот скопски бар Трибека се приведени пет млади лица на
возраст од 19 до 28 години, кои направиле огромен неред во локалот.
-Од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(20) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект. На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Фактор претходно објави дека дури и инспекторите на Пазарниот инспекторат биле сведоци на немилиот настан, а директорот Стојко Пауновски ни изјави дека при нивната синоќешна контрола на угостителските објекти, во неколку градови, во Скопје наишле на тензична атмосфера.
-Во ексклузивниот локал Трибека инспекторите беа сведоци и на физичка пресметка. Таму било вистински хаос, изјави Пауновски.А.Б.
