Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнала со трактор, денес вози камион низ ЕУ: Марина од неготинско ги руши стереотипите за „машки“ професии

Почнала со трактор, денес вози камион низ ЕУ: Марина од неготинско ги руши стереотипите за „машки“ професии

Марина Николова од неготинското село Пепелиште веќе пет години работи како професионален возач на камион низ Европа. Заедно со сопругот Душко, деновите ги минува на пат, а кабината на камионот одамна им станала втор дом.За Женски Магазин таа накратко ја раскажа својата приказна, но и ни откри кои се најголемите предизвици во оваа професија.

„Прво почна сопругот, а мене почна да ме интересира како се вози камион кога патувавме заедно. Таква сум од мала. Дома работевме земјоделие, јас возев трактор, комби и автомобили, а и сопругот многу ми помогна“ - вели во изјава за Женски Магазин Марина Николова.

Марина е една од жените од Македонија кои се одлучиле да работат професија што и понатаму многумина ја сметаат за „машка“. Но, нејзината приказна покажува дека љубовта кон работата, искуството и подготвеноста да се издржат напорните патувања немаат никаква врска со полот.

Со сопругот Душко, со кого имаат 20-годишна ќерка, Марина денес вози камион низ повеќе европски земји. Во потрага по подобра егзистенција, удобноста на домот ја замениле со живот на тркала, долги релации, паузи на патишта и секојдневие во кое дисциплината е неопходна.

Деновиве една нејзина фотографија се прошири на социјалните мрежи, по што Женски Магазин стапи во контакт со неа за да дознае како изгледа животот на една жена професионален возач на камион и со какви предизвици се соочува на пат, за што може повеќе да прочитате на приложениот линк.


Слично

Поврзани вести