Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНАА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРЕСМЕТКИ: Ноќеска опожарен билборд на Таравари

ПОЧНАА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРЕСМЕТКИ: Ноќеска опожарен билборд на Таравари

Ноќеска е опожарен билборд на кандидатот за претседател Арбен Таравари, поставен во близина на скопската Зоолошка градина. Од Коалицијата „Вреди“, велат дека виновниците  мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат, додаваат од „Вреди“.

„Денеска на полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен. Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи – соопштија од Коалицијата.


Слично

Поврзани вести