ПОЧНАА ОСТАВКИТЕ: Софија Куновска си оди од СДСМ!
Софија Куновска поднела оставка на функцијата која ја имаше во опозициската партија на Заев, неофицијално пренесуваат дел од медиумите.
Незадоволна од листите за кандидати на пратеници таа решила да го напушти претседателското место на Градската организација на СДСМ.
„На состанокот на Централниот одбор на партијата пред одржувањето на Конгресот Куновска поднела оставка и рекла дека останува во кампањата како посветен член на СДСМ до конечно уривање на режимот на Груевски.
Но, таа реагирала на поставувањето на Лилјана Поповска, лидерката на ДОМ со прашањето: „Како е можно таа што беше втора зад Груевски на листата на режимот од 2014 денес да е на шесто место на листата што треба да го урива режимот“.
Куновска во 2014 година беше втора на листата на СДСМ во првата изборна единица, а на овие избори не е на ниту една листа“, пренесе порталот сакамдакажам.мк.
