ПОЧНАА КРАЖБИТЕ НА ХИДРАНТИТЕ И НИВНИ ДЕЛОВИ: Џабе станарите купуваат, некој од влезовите масовно краде и се богати
Откако се случи страшната несреќа во Кочани во која 59 лица ги загубија животите, а над 200 завршија повредени, се затегнаа контролите во станбените објекти каде се проверува секоја една зграда дали има противпожарна заштита, односно хидранти но и пп скали.
Отткогаш, станарите масовно се снабдуваа со пп апарати, но за жал, веќе се евидентирани кражби на приклучоците на хидрантите.
„Внимавајте Аеродромци почнаа кражби по влезовите.Сите кој имате опрема или сте ја набавиле. Вчера се украдени сите Шортс наставци во нашиот влез. Тоа е наставките кај што се приклучува цревото . Ова е сликано пред да бидат украдени. Без да објавам слика можев само анонимно да објавам“. се вели во објавата на социјалните мрежи“, се вели во објавата,

