Почнаа гужвите: На Табановце се чека 20 минути, викендите што следат ќе бидат уште пофреквентни
За влез во Македонија на Табановце се чека 20 минути објави АМСМ. Од 1 јули интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а викендов имаше повеќе гужви за излез од Македонија на Богородица. Сепак сега освен на Табановце на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Српските медиуми пишуваат дека на кај Прешво чекаат по 20 минути ноп дека викендот што помина за излез од Србија се чкало и по час и половина. Инаку на Коридорот 10 има зголемен сообаќај во двете насоки.
АМСМ инаку соопшти дека на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани на денеска сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 до 15:00 часот. во времетраење од 15 – 20 минути, поради изведување на градежни работи (минирање).
