Почнаа гужвите на Евзони – се чека 10 до 15 минути за влез во Грција
Почнаа традиционалните гужви на граничниот премин Евозни. Според информациите од теренот, сега за сега се ќека од 10 до 15 минути, но се очекува зголемен број на возила во попладневните часови.
Продолжениот празничен период, кој годинава носи четири слободни дена поврзани со Велигден, традиционално создава метежи на границите, особено кон јужниот сосед. Сепак, засега протокот на возила се одвива релативно брзо.
Дополнителен фактор е и новиот ЕЕС систем (Entry/Exit System), кој почна да се применува на надворешните граници на Европската унија. Иако се очекуваше тој да предизвика подолги задржувања, според моменталната состојба, на Евзони нема значителни застои.
Надлежните апелираат граѓаните и понатаму да го следат сообраќајот на граничните премини во реално време, бидејќи во текот на денот, особено во попладневните часови и за време на викендот, можно е зголемување на гужвите.
Следете ја состојбата на граничниот премин во живо тука
