Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнаа да се градат платформите над реката Отиња во Штип

Почнаа да се градат платформите над реката Отиња во Штип
Бугарската фирма „Кибилд“ од денеска продолжи со изградба на петте платформи и уредување на коритото на реката Отиња. Координаторот на проектот, Александар Арсовски вели дека веќе се ставаат темелите на последните столбови на платформата кај Градскиот плоштад „Слобода“. „Мислам дека за помалку од месец дена оваа платформа ќе биде готова, значи градежните активности продолжуваа“т, вели Арсовски. Тој додава дека поради интензивните градежни работи на платформите улиците од двете страни на Отиња ќе бидат повремено затворани за сообраќај. Општина Штип проектот го реализира со заем од Светска банка во висина од 2 милиони евра. Реализацијата на проектот треба да го среди сообраќајниот хаос во централното градско подрачје и да обезбеди паркирање за околу 130 возила  
Слично

Поврзани вести