ПОЧНАА ДА ПРИСТИГНУВААТ И ЧЕСТИТКИ ЗА КАНДИДАТУРАТА НА АХМЕТИ: ДУИ уште не потврдила, Сали веќе честиташе
Откако вчера во медиумите почна да се шири информација дека ДУИ, како свој кандидат за претседателските избори ќе го кандидира Али Ахмети, на социјалните мрежи веќе почнаа да се објавуваат и честитки.
Првата пристигна од Беким Сали, поранешниот министер за здравство од Алтернатива.
„Честитки за кандидатурата на Али Ахмети. Да се надеваме дека сојузниците од Отворен Балкан, особено Вучиќ, нема да се вмешаат во изборниот процес како досега“, напиша тој на Фејсбук.
Од партијата чиј претседател е токму Ахмети, нема официјална потврда за кандидатурата.
Вчера, Артан Груби на неговиот фејсбук профил објави „Само Али Ахмети“.
ГРУБИ СО ПОРАКА: Само Али Ахмети!
Слично
