Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

По години на проблеми со лоша инфраструктура конечно започна реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир. Со инвестиција од 1,6 милиони евра, преминот ќе добие нови капацитети, кои треба да ги олеснат процедурите за царинење и да овозможат побрз проток на стоки и патници.

Проектот е предвидено да се одвива во фази, при што првата фаза треба да заврши до мај 2025 година. Планот вклучува изградба на нови објекти за царинење, повеќе сообраќајни ленти и современи услови за работа на царинските и полициските служби.


Слично

Поврзани вести