Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почна процесот за издавање еврообврзница, колку ќе тежи?

Почна процесот за издавање еврообврзница, колку ќе тежи?

Наместо да бара заем од комерцијални банки, Владата директно ќе оди на издавање на еврообврзница, и тој процес веќе е започнат, информираше министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Причина за ова е што се очекува да се стабилизираат пазарите на капитал. 

„Тој процес е започнат. Тоа значи дека се подготвуваат сите институции, се прават потребните документации и се следи пазарот. Тој процес трае 45 до 60 дена, што ни дава право, кога ќе одлучиме дека е најдобро, согласно движењата на пазарот, дека е најсоодветно да се излезе на тој пазар“, рече Ангеловска. 

Соопшти дека веќе се легнати 176 милиони евра од ММФ, а од Светска банка преговараме за 140 милиони евра заем, а испратено е и посмо до ЕУ за новиот инструмент за макрофинансиска стабилност. 

Слично

Поврзани вести