Почна постапката за екстрадиција на Груевски
Почна постапка за екстрадиција на поранешниот премиер, Никола Груевски од Унгарија во Македонија. Постапката ја почна Министерството за правда. Премиерот Зоран Заев очекува унгарската држава да постапи како земја со европски вредности.
Бегството Заев го нарече кукавички чин, осврнувајќи се на неговата изјава кога Груевски бараше тој да биде казнетиот, а не граѓаните вклучени во настаните од 27 април.
Заев ги отфрли обвинувањата дека зад бегството на Груевски постои договор меѓу него и власта. Тој вели дека во тек е проверка на постапувањето и евентуалните пропусти на граничната полиција. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски веќе излезе со тврдење дека Груевски не ја напуштил земјата на некој од официјалните гранични премин туку најверојатно во некоја од зелените зони каде чувањето е патролно.
