ПОЧНА ПЕКОЛНО ЖЕШКА НЕДЕЛА: Во петок попладне промена
Пеколна недела е пред нас. Тропските горештини кои почнаа минатата, продолжуваат и оваа седмица.
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, во останатите од југоисточен правец. Максималните температури ќе се движат до 39 степени.
Слично време се очекува и утре но максимално ќе бидат измерени и до 40 степени, а такви темератури се очекуваат и во среда и четврток. Во петок во попладневните часови УХМР најавува дожд. Според прогнозата, попладне, особено во источните делови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Потоа ќе следува извесно заладување и од сабота темепратурите ќе бидат пониски.
Слично
