Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА - Има Полиција, но и приватно обезбедување, дојдоа и владини министри

ПОЧНА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА - Има Полиција, но и приватно обезбедување, дојдоа и владини министри

Почна парадата на гордоста, се очекува да стартува маршот низ скопските улици, но и журка која ќе трае до доцните вечерни часови.

Репортерот на Телма јавува за силно полициско обезбедување, но и за постоење и на приватно обезбедување, односно со приватна агенција за обезбедување. Просторот во Градскиот парк е ограден и може да се влезе само со алка која се дели на влезот. 

Телма јавува дека се присутни и јавни личности, претставници на невладиниот сектор, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерката за труд Јована Тренчевска, и други.  

Главни пораки од учесниците, е да се прифатат и толерираат различностите, да ги има ЛГБТ заедницата истите права како и другите граѓани, да не им се суди, да бидат безбедни. Сметаат дека нашето општество се движи кон прифаќање, но има уште многу работа.

Извор: Телма

Фото: Принтскрин Телма

Слично

Поврзани вести