Почна изградба на 76 социјални станови во Прилеп
Денеска во Прилеп беше поставен камен темелникот на новата социјална зграда во населбата Точила. Во неа ќе се има 76 социјални станови. Објектот ќе се протега на површина од 3.220 метри квадратни, а средствата за изградба на становите се обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
Како изведувач на работите се јавува компанијата „Виа инженеринг“ од Вевчани.
Слично
