Почна главната расправа за Труст, Кочан не чуствува вина за милионскиот тендер
Првиот обвинет во случајот со милионскиот тендер од Елем не се чуствува виновен,
Имено, Сеат Кочан, денеска на судското рочиште во Кривичниот суд се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство.
Судијката одби да се одложи рочиштето и одлучи да почне главната расправа за судење на бизнисменот Кочан.
Во „Труст“ се осомничени три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.
Тие на тендерот на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.
Осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
