Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИВАЈ ВО МИР АНГЕЛУ НАШ - мирен протест против безобзирното возење, пристигнаа и роднините на младата Викторија

ПОЧИВАЈ ВО МИР АНГЕЛУ НАШ - мирен протест против безобзирното возење, пристигнаа и роднините на младата Викторија

Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, стотина луѓе протестираа денеска на раскрсницата на булeварот Партизански одреди кај „Сити мол“ во Скопје, по сообраќајната несреќа која се случи пред неколку дена во земјава и во која беше прегазена младата Викторија Николова.

Собирот го организираше момчето Леонид Даов, кој бил со неа и при тоа бил лесно повреден.

Организаторите најавија достоен јавен собир, на кој ќе се оддаде почит и на Викторија, но и на сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Со транспаренти и маички „Почивај во мир ангелу наш“ и „Стоп за сообраќајното насилство“, присутните побараа да се стави крај на бeзобзирното возење на улиците и да се подигне свеста на сите учесници во сообраќајот.

Роднините на Викторија од Радовиш пристигнаа со десетина приватни и комби возила, облечени во црни маички со ликот на девојката.

За една недела три лица загинаа на скопските улици, двајца додека минувале на пешачки премин.

Слично

Поврзани вести