Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИТ: Динева почина, а му даде смисла на животот

ПОЧИТ: Динева почина, а му даде смисла на животот

Емилија Динева од Дојран е донорот на органите, со кои денес се изврши трансплантација на срце. 

43 – годишната Емилија Динева од Стар Дојран минатата недела направила сообраќајна несреќа со својот нов мопед. Трајно го повредила мозокот и од понеделникот се борела за живот. Но, таа не издржа и синоќа почина.  Нејзиното срце и бубрезите спасија три човечки животи.

Во Македонија утрово заврши првата трансплантација на срце од починат донор.

И синот на 54-годишниот Иван Огненовски кој успешно се опоравува по успешната операција и со ново срце,  изрази голема благодарност и сочуство до семејството на починатата Емилија од Дојран. Откако татко му ќе закрепне ќе се запознаат со семејството Диневи. 

Слично

Поврзани вести