Економија, финансии, бизнис

Контакт

Починатото 22 годишно момче имало Даунов синдром

Починатото 22 годишно момче имало Даунов синдром

Починатиот 22 годишен пациент од Скопје е лице со Даунов синдром, примен во ГОБ „8 Септември“ во тешка општа состојба на 16.07.2020 година. 

Ова е одговорот од Министерството за здравство на прашањето на Фактор дали младиот човек имал коморбидитети.

Ова е не прв случај млад човек со Даунов синдром да почине од коронавирусот. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1.

Слично

Поврзани вести