Починато новороденче пронајдено во дом во Скопје - што му се случило, ќе каже обдукцијата
Во еден дом во Скопје било најдено починато новороденче, на возраст одмоколу еден месец.
Нема информации чие е ова бебенце, а како починало ќе докаже обдукцијата, каде е дадено по наредба на јавен обвинител.
„На 20.03.2020 во 06,47 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во дом на ул.“Славеј планина“ имало починато новороденче. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и утврдено било дека се работи за бебе на возраст од еден месец. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт“, се вели во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Слично
