Починатиот во Богомила бил претепан до смрт, неговото семејство било кај убиецот
Основното јавно обвинителство Велес поведе истрага против 21-годишен жител на Богомила осомничен за убиство на 60-годишниот маж кој претходно беше пронајден починат во истото село.
„Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал“, информира обвинителството.
Доставен е предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице. Јавниот обвинител оретходно издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта.
