Економија, финансии, бизнис

Контакт

Починатиот 35 годишен пациент немал други заболувања: Во болница бил само три дена

Починатиот 35 годишен пациент немал други заболувања: Во болница бил само три дена

Во последното деноноќие од коронавирус починале 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75 години) и двајца од Прилеп (73 и 78 години), информираа вчера вечерта здравствените власти. Претходниот ден пак Министерството за здравство објави дека битката со Ковид -19 ја изгубиле дури 14 лица. Меѓу нив пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).

Млад човек е меѓу починатите, а од Министерство за здравство за Канал 5 изјавиле дека 35-годишниот скопјанец немал никакви други хронични заболувања.

Тој починал на Инфективната клиника, откако една недела имал главоболка, бил малаксан и имал покачена температура.

Извори за Канал 5 изјавиле дека тој бил лекуван од страна на матичниот лекар, а потоа на 26 октомври бил примен во Инфективна клиника, каде настанало нагло влошување на состојбата.


Слично

Поврзани вести