Починатата родилка не е позитивна на корона вирусот
Пациентката од Охрид која синоќа почина на скопската Клиника за гинекологија има негативен тест за корона вирус.кој и беше направен посмртно.
Таа од Охрид на Клиниката за гинекологија беше донесена со мртов плод во утробата, со возило на брза помош, со висока температура и оставена пред вратата на клиниката, за што ДСЗИ ќе изврши вонреден надзор.
Родилката била комплициран случај со прекумерна тежина и бременост која не била следена. Лекарите оперативно го извадија плодот. Од ГАК, уште веднаш наведоа дека можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот требаше да утврди или отфли присуство на коронавирус.
„На жената уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирус. За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што истата беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но за жал во 22.00 е констатирана смрт. Причина за смртта е сепса со масивна тромбемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукација по што ќе има егзактна дијагноза – се наведува во соопштението од Гинекологија.
