Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почината жена пронајдена во коритото од чешмата во село Копаница

Почината жена пронајдена во коритото од чешмата во село Копаница

Педесетипет годишна жена од селото Копаница е пронајдена почината во коритото на селската чешма во селото, објави Министерството за внатреши работи. 

- На 24.07.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во коритото од селската чешма во с.Копаница, скопско, била пронајдена почината Ќ.А.(55) од с.Копаница, лице со здравствени проблеми. 

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција - се посочува во објавата на МВР. 


Слично

Поврзани вести